Зверев успеа да се договори со поранешната девојка поради обвинението за насилство

Германскиот тенисер и полуфиналист на Ролан Гарос Александер Зверев се спаси од затворска казна откако успеа да се договори со поранешната девојка Бренда Патеа да ја завршат судската постапка.

Патеа го обвини Зверев дека ја тепал и сакал да ја загуши со перница во 2020 година, по што АТП отвори истрага против германскиот тенисер.

Двете страни се договориле, а Зверев ќе мора да плати казна од 200.000 евра.

„Мило ни е што конечно беше постигнат договор. Ова е за добро и на детето кое го имаат заедно“, кажа адвокатот на тенисерот. 

Зверев денеска го очекува полуфинале на Ролан Гарос против, Каспер Руд од кого во истата фаза беше елиминиран минатата година .

Се вчитува...