Ѕвездите кои направија трансфери за „џабе“

Во модерниот фудбал е реткост еден фудбалер да замине во друг клуб без да биде платена оштета за него, но таквите недоразбирања или заеднички донесените одлуки на одборот со играчот да не се обновува соработка за некои се полн погодок. Врвни фудбалери кои влегуваат во третата декада од нивниот живот значи и почеток на крајот на нивната кариера, а со тоа следуваат и тие одлуки да го напуштаат клубот по завршување на договорот.

Ова е листата на најдобрите трансфери во историјата на модерниот фудбал за кои не биле потрошени ниту две евра:

FBL-ITA-SERIEA-JUVENTUS-NAPOLI
1. АНДРЕА ПИРЛО (МИЛАН ВО ЈУВЕНТУС)

Италијанскиот маестро, Андреа Пирло, по цели 10 години замина од „Сан Сиро“ и го облече дресот на „старата дама“. Неговиот соиграч од репрезентацијата, Џиџи Буфон, изјави дека Бог постои по доаѓањето на Пирло и додаде дека ова е трансфер на деценијата за Јуве. Во четири години четири пати го подигна Скудетото со еден Куп на Италија во 2015 година, а го загуби финалето во Лигата на шампиони во истата година од Барселона.

free-2
2. СОЛ КЕМБЕЛ (ТОТЕНХЕМ ВО АРСЕНАЛ)

Сол Кембел направи еден од најконтроверзните трансфери во минатата декада кога го напушти Тотенхем за лутиот ривал Арсенал и стана најомразениот човек во Англија, а херој за „топчиите“. Без многу грижи околу преселбата на „Хајбери“, Кембел осови две титули во домашното првенство и три ФА купа, а беше дел и од познатите „Непобедливи“ кога Арсенал ја освои Премиер лигата во 2004 без ниту еден пораз.

free-3
3. ХЕНРИК ЛАРСОН (СЕЛТИК ВО БАРСЕЛОНА)

Во 2004 Швеѓанецот Хенрик Ларсон се пресели на „Камп Ноу“ каде играше две сезони. Првата година имаше многу проблеми со повредите, но на крајот се покажа како успешен ангажман. Во последниот негов натпревар во дресот на Барса беше асистент на двата гола во пресвртот против Арсенал во финалето во 2006 година.

4. РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ (БОРУДИЈА ДОРТМУНД ВО БАЕРН МИНХЕН)
Вулканска ерупција во Исланд го спречи популарниот Роберт Левандовски да потпише за Блекбурн во 2010, а неговата втора опција излезе како идеална одлука на Полјакот. За Дортмунд на 187 натпревари постигна 103 гола за четири години. Две и пол години подоцна, со Баерн освои две титули во Бундеслигата, по еднаш ги подигна Германскиот куп и Суперкупот, а на 132 натпревари како стрелец се запиша 95 пати.
5. ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ (ПСЖ ВО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД)

Откако освојуваше титули во Холандија, Италија, Шпанија и Франција, Златан Ибрахимовиќ тргна по новиот предизвик наречен Премиер лига на 34 години. Швеѓанецот ги одбра „ѓаволите“ кои летото создаваа застрашувачки тим со Погба и Мурињо, но компетитивноста ги изненади Јунајтед, а и самиот Ибра. Иако имаат турбулента сезона, Ибрахимовиќ постигна 26 гола досега во сите конкуренции, освојувајќи го Лига купот против Саутемптон.

free-6
6. ЕСТЕБАН КАМБИЈАСО (ИНТЕР ВО ЛЕСТЕР СИТИ)

Аргентинецот Естебан Камбијасо потпиша едногодишен договор со „лисиците“ во 2014 година. На почетокот на сезоната, неговите солидни перформанси не му помогнаа на тимот кој од коло во коло тонеше на дното на табелата. Но, во последните 10 кола од Премиер лигата, Лестер успеа да победи на 8 натпревари, со што резервираа премиерлигашки фудбал и за следната сезона, а Камбиасо беше еден од најзаслужните за успехот на клубот.

free-7
7. СТИВ МЕКМАНАМАН (ЛИВЕРПУЛ ВО РЕАЛ МАДРИД)
Последниот трансфер на Гус Хидинк како тренер на Реал беше доаѓањето на Стив Мекманаман како слободен играч. За четири години Англичанецот два пати ја освои Лигата на шампиони, два пати беше шампион на Шпанија, а беше прогласен за играч на натпреварот против Валенсија во финалето во Лигата на Шампиони во 2000 година, кога Реал ги декласира „лилјаците“ со резултат од 3-0.
8. РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ (РЕАЛ МАДРИД ВО ШАЛКЕ)

Кога легендарниот Раул Гонзалес го напушти Реал во 2010, сите мислеа дека ќе продолжи во Катар или САД. Но, тој ги изненади сите и го облече дресот на Шалке, каде во две сезони постигна 40 погодци на 98 натпревари, освојувајќи го Германскиот куп, Суперкупот и на една година клубот го „пензионира“ бројот 7 во чест на шпанскиот голгетер.

free-10
9. МИХАЕЛ БАЛАК (БАЕРН МИНХЕН ВО ЧЕЛСИ)

Неговиот договор со Баерн заврши во 2006, па Михаел Балак,  кариера ја продолжи во Челси на 29 години. Со тимот од Лондон за четири години ја освои Премиер лигата, три ФА купови и еден Лига куп.

Се вчитува...