„Ножичките“ на Манџукиќ – најубав гол во ЛШ минатата сезона

Ремек-делото на Марио Манџукиќ на големото финале во Кардиф е изборот на УЕФА за најубав погодок во Лигата на шампионите минатата сезона. Хрватот со прекрасен удар со „ножички“ го матираше Кејлор Навас, па иако во конкуренција беа уште неколку атрактивни погодоци сепак изборот падна врз „Супер Марио“.

Се вчитува...