Голем пресврт – Бонга не оди во Мадрид, туку во Атина

Германскиот кошаркар Исак Бонга на крајот би можел да заврши во Панатинаикос, иако по напуштањето на Партизан се чинеше дека ќе се пресели во Реал Мадрид.

Сега ПАО е блиску до финализирање на повеќегодишен договор со Бонго.

Бонга сакал повторно да се обиде во НБА, но можноста, во однос на улогата, амбицијата и целокупната ситуација, не се остварила, што го навело да остане во Европа.

„Кој знае? Можеби еден ден ќе го видам Бонга тука, се надевам“, беше последниот коментар на Жељко Обрадовиќ на оваа тема.

Како што е дополнително наведено, Бонга ќе има клаузула во договорот дека може да оди во НБА ако дојде вистинска понуда.

Се вчитува...