Контроверзна одлука во победата на Аргентина: Судијата го прекрши новото правило

Победата на Аргентина над Зеленортските острови беше засенета од контроверзната одлука на судијата на самиот крај од натпреварот. Иако дуелот беше возбудлив, најкоментираниот после него беше детаљот што предизвика бурни реакции на интернет просторот.

Во 115. минута од продолжението при водство на Аргентина од 3-2, Зеленортските острови добија шанса од слободен удар од левата страна. Ударот на Сидни Лопес Кабрал го одбрани голманот Емилијано Мартинез, но во шеснаесетникот, Николас Таљафико беше силно погоден во носот и почна да крвари.

Спорна одлука во финалето

Аргентинскиот дефанзивец лежеше на тревникот повеќе од една минута, по што канадскиот судија Дру Фишер му нареди да го напушти теренот за да го пресоблече крвавиот дрес. Медицинската служба на Аргентина не влезе на терен, но му беше укажана помош надвор од теренот. Додека го спречуваа да крвари, четвртиот судија разговараше со него и со медицинскиот персонал.

Во тој период, играта беше прекината, а претставниците на Зеленортските острови чекаа на изведување на корнерот. Судијата чекаше додека Таљафико да биде подготвен да се врати, и штом влезе на терен, играта продолжи. Токму тој момент предизвика најмногу реакции. Некои од играчите на Зеленортските острови беа во неверица, а многумина веруваат дека според правилата, Таљафико не требало веднаш да се врати во игра.

Што вели новото правило?

Според протоколот за повреди на ИФАБ, играчот мора да остане надвор од игра една минута ако играта е прекината поради вистинска или можна повреда и ако судијата повикал медицински персонал на теренот или ако самиот играч повикал помош.

Затоа, се дискутира дали на аргентинскиот дефанзивец му било дозволено толку брзо да влезе повторно во игра, особено затоа што сè се случи на самиот крај од продолженијата, во момент кога Зеленортските острови имаа одлична можност да израмнат.

Се вчитува...