Франција ќе биде ослабена за вечерашниот осминафинален натпревар против селекцијата на Паратвај откако Орелиен Чуамени се пожали на болка во мускулот, стара повреда што веќе извесно време го мачи фудбалерот за врска на Реал Мадрид.
Чуамени е клучен играч во средниот ред на „триколорите“, тој настапи на три од досегашните четири средби, беше поштеден во третото коло против Норвешка, потоа стартуваше против Шведска, но по тој дуел се пожали на повреда и не тренираше во последните два дена.
Дешамп не сака да ризикува, па асот на Реал нема да биде во тимот вечерва против Парагвај, а неговото место во стартниот тим ќе му припадне на Ману Коне, кој ќе биде во тандем во средниот ред со Рабио.
Францускиот селектор не може да смета ниту на Маркус Турам, кој не се опорави од повредата поради која го пропушти и претходниот дуел со Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
