„Кралот на головите“ во Македонија, Баже Илијоски, не се откажува од фудбалот и ќе продолжи да игра најмалку уште една година. Ги надминува здравствените проблеми што го мачеа изминатиов период, а му истекува договорот и со Пелистер, кого го тресе финансиска криза.
„Сакам да играм професионален фудбал најмалку уште една година. Во моментов сум слободен играч, ќе го почекам зимскиот преоден рок и ќе ги разгледам понудите. Здравствено сум сега многу подобар, и ќе бидам „топ“ до почетокот на зимските подготовки“, вели Илијоски за ЕКИПА.
Заврши одисејата со Пелистер, ќе го памети куп-пехарот со битолскиот прволигаш, но потоа клубот западна во финансиска криза.
„Имаше навистина убави моменти во Битола, го освоивме Купот минатата сезона. Но, оваа сезона, веќе на сите им е добро познато, дека има одредени проблеми во Пелистер. Сепак, јас веќе гледам напред, кон следните предизвици“, вели најдобриот стрелец во историјата на македонската Прва лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА