Трета победа на кошаркарите на Реал Мадрид во пресметките со Хапоел Тел Авив, и пласман на „фајнл-форот“ во Атина. Кралевите вечерва славеа во Ботевград со 87-81, и така дојдоа до вкупни 3-1 во серијата, осигураа пласман меѓу најдобрите четири тима.
„Кралевите“ само во првата четвртина имаа проблеми со противникот, кога имаа и негатива на неколку пати, а потоа во финишот од првата делница го презедоа водството, и не го испуштија до крајот.
Хапоел имаше најдобар индивудалец во името на Отуру, но им недостасуваше тимска работа, за разлика од РЕал Мадрид каде што дури петмина играчи постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Гаруба со 16 поени.
Реал Мадрид е вториот учесник на „фајнл-форот“ после Олимпијакос кој со 3-0 го „збриша“ Монако. Реал ќе го чека подобриот од Фенербахче – Жалгирис, каде што турскиот тим има предност од 2-1 во серијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
