Натпреварот меѓу Скопје и Победа во Автокоманда заврши со само еден гол и триумф на гостите од 0-1. Но, дефинитивно донесе бројни возбудувања во текот на сите 90 минути. На крајот, домашните посакуваа да стигнат барем до реми па во последниот напад и голманот на Скопје, Тигран Кандикјан се најде пред голот на Победа… Само што, ако се суди според објективот на ЕКИПА, се чини како заедно со гостинскиот голман Јовановски, застанувајќи зад него, повеќе да го чува голот на прилепчани, отколку што го напаѓа…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА