Трајчевски: Работнички сака бодови и од Кратово

Капитенот Душко Трајчевски очекува добар настап и позитивен резултат за Работнички на денешното гостување против Силекс во Кратово во 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ по ремито со Академија Пандев во Струмица, ќе ги одмерат силите со Силекс. Тоа е еден од дуелите и во битката за излез на европска сцена.

„Силекс е квалитетен тим, со одличен тренер на клупата. Во Кратово тешко се освојуваат бодови, но ние посакуваме да оствариме позитивен резултат. Верувам дека имаме сили тоа и да го реализираме, затоа што тимот игра се подобро и подобро“, вели Душко Трајчевски за официјалниот сајт на клубот.

ДВОЈКИ – 17. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР

Скопје: СКОПЈЕ – ПОБЕДА

ВЧЕРА

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 1-6

Се вчитува...