Атлетичарот Давид Рудиша се повлекува од СП поради повреда

Актуелниот светски и олимписки шампион на 800 метри Давид Рудиша од Кенија, поради повреда на бутниот мускул се повлекува од Светското првенство во атлетика кое ќе се одржи во Лондон.

„Разочаран сум што морам да се повчелам од настапот на Светското првенство во Лондон. Повредата на бутниот мускул е причината поради која нема да присуствувам“, соопшти Рудиша на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“.

28-годишниот претставник на Кенија е актуелен светски и олимписки првак во 800 метри трките. За прв пат со злато на светските првенства се закити во 2011 година, а во 2015 година го одбрани медалот. На олимписките игри прв пат го освои златниот медал во 2012 година, каде го постави и светскиот рекорд во неговата дисциплина, додека истиот го одбрани четири години подоцна во Рио.

Се вчитува...