Валенсија славеше во Атина, Панатинаикос ќе чека за Ф4

Трет натпревар и трет брејк во серијата меѓу Панатинаикос и Валенсија откако вечерва шпанскиот тим славеше на гостувањето кај атинските зелени со 87-91 и со тоа намали на 2-1 во четвртфиналната серија во Евролигата.

Гостите од Шпанија изненадувачки стигнаа до рутинска победа во ОАКА откако во ниту еден момент од натпреварот не дојде до знак прашалник нивниот триумф. Натпреварот го одбележа и исклучувањето на двајцата тренери поради меѓусебниот дуел.

Бадио и Монтеро со по 16 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Рокавопулос исто така заврши со 16 поени.

Се вчитува...