Милевски: Ветив дека секогаш ќе играме на победа, 60 минути бевме „егал“ со Шпанија

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Боби Милевски, потврди дека не може да се биде задоволен по вака убедлив пораз, но во секој случај ја потенцираше храбрата игра како позитивна одлика на нашиот национален тим.

Што да се каже по поразот од 5-0… нема да биде лесно да се вратиме во ритам за следниот меч со Србија, но во секој случај сум задоволен од играта, бидејќи речиси 60 минути бевме „егал противник“ на гигант како Шпанија. Не го велам ова метафорично, ние навистина имавме идентичен посед на топка, креиравме шанси, добро ги организиравме нападите, имавме повеќе шутеви кон противничкиот гол. За жал, по 60 минута како да загубивме сила, не можевме да го издржиме темпото. Јас уште од првиот ден како селектор ветив дека на секој натпревар ќе играме за да победиме, тоа го покажавме и на оваа средба без оглед на конечниот резултат. Следна е Србија, уште една силна репрезентација против која очекувам да се прикажеме во уште подобро светло“ – изјави Милевски по натпреварот.

 

Се вчитува...