Шеј под своето ниво, но Оклахома поведе против Лејкерс (ВИДЕО)

Оклахома Сити Тандер убедливо ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 108:90 во првиот натпревар од второто коло од плејофот во НБА.

Кошаркарите на Детроит исто така поведоа во серијата против Кливленд, победувајќи во првиот натпревар со 111-101. Низ целосна доминација, Детроит успеа да дојде до триумф, и покрај тоа што гостите во последниот период стигнаа и до „егал“ ситуација, но „Пистонси“ најдоа начин како да се одлепат, и да го добијат мечот во своја корист.

Канингем со 23 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, а исто толку поени постигна и Мичел кај Кливленд.

Се вчитува...