Енис Барди е херојот на Коњаспор во пласманот во големото финале од Купот на Турција, откако токму македонскиот капитен беше човек на одлука во полуфиналето со Бешикташ што неговиот тим по продолжение го доби со 0-1.
ВАР му поништи гол на Барди во финишот од регуларниот дел од натпреварот, но нашиот ас беше перфектен при досудениот пенал во 98. минута, матирајќи го голманот на Бешикташ.
Барди и соиграчи пред Бешикташ го елиминираа и гигантот Фенербахче. Нивни противник во големото финале ќе биде подобриот од втората полуфинална пресметка во која ќе се сретнат Трабзонспор и Генчлербирлиги.
#Beşiktaş: 0 – #Konyaspor: 1
Gol: Bardhi ⚽ (Dk. 90+8)#atv #ZTK pic.twitter.com/F3jjCKGMWg— atv (@atvcomtr) May 5, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
