Рекордерот Цеск Фабрегас

Челси води со 2-0 по првото полувреме на мечот со Мидлсборо, а првиот погодок беше дело на Диего Коста на додавање на Цеск Фабрегас.

Шпанскиот плејмејкер со ова си обезбеди место во историјата на Премиер-лигата, станувајќи прв фудбалер што во шест различни сезони имал најмалку по десет асистенции за гол на соиграчите. Фабрегас тоа го има остварено како член на Арсенал и на Челси, а успехот е најголем сезонава, со оглед на премалата минутажа што овој фудбалер ја добиваше од Антонио Конте, но сепак успеа да стигне до двоцифрен број на асистенции.

Англиските медиуми најавуваат дека Фабрегас летово сигурно ќе си замине од „Стемфорд бриџ“ во потрага по редовен првотимски фудбал, а најзагреани за неговите услуги се Интер и Милан.

Се вчитува...