Бобан Бабунски на кормилото на БЕСА, Алексовски и Скендери си заминуваат

БЕСА во следните денови добива нов тренер во името на Бобан Бабунски. Досегашниот асистент во Шкупи, ќе стане прв тренер во тимот од Добридол, и ќе го замени Берат Имери кој пред неколку кола поднесе оставка.

Бабунски во минатото ги водеше Работнички и Вардар, а беше и В.Д. селектор на репрезентацијата. Исто така беше селектор и на младата репрезентација на Македонија. Работеше и во младинските категории на Вардар.

Освен тренер, Беса ќе се освежува и во играчкиот кадар. Така први кои ќе заминат се офанзивното крило Филип Алексовски, а на излезна врата е и Емир Скендери. На двајцата веќе им било соопштено да си бараат нови клубови.

Се вчитува...