Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, денеска преку прес-конференција ја најави третата по ред организација на неговиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“, што од 20 до 26 јуни ќе се одржи во Охрид.
“Искрено, се чувствувам среќен што во изминатите две години растевме како камп и како организација, децата се задоволни и го повторуваат своето учество. Сакам да упатам јавна благодарност до сите учесници и до нивните родители за довербата, бидејќи јас и самиот сум родител и знам дека не се пушта лесно дете надвор од дома. Се радувам што овие деца не доаѓаат во кампот само заради името на Кире Лазаров, туку и заради квалитетот на работа“ – истакна Лазаров на денешната прес-конференција.
Дел од тренерскиот тим на овој камп ќе бидат Данило Брестовац, Наташа Коцевска, потоа Јан Барслев и Торбен Нилсен од Данска, како и Оливера Кецман од Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА