Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, се потсети на фразата на Рафаел Надал пред натпреварот со Баерн во Минхен.
Двата тима ќе се сретнат во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, откако парижаните ја добија првата средба со 5-4.
„Она што можам да го кажам е дека е полесно да се каже отколку да се направи. Минатата година ја покажавме нашата способност да се справиме со тешки моменти. Утре ќе играме за да бидеме поконкурентни од кога било, бидејќи мора да бидеме“, рече Енрике.
Тој го спомена и Надал, кој беше мотивиран благодарение на Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
„Кога гледам вакви натпревари, ме потсетува на цитат од Рафа Надал, кој рече дека во еден момент од неговата кариера, соперништвото меѓу Федерер и Ѓоковиќ било мотивација за него. Она што им го кажуваме на нашите играчи е дека им се восхитуваме на Баерн, бидејќи играат многу добар фудбал, но тоа е мотивацијата да се пронајде најдоброто ниво. Утре ќе биде спектакуларно“, рече Енрике.
Реванш натпреварот е закажан за среда во 21 часот на „Алијанц Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
