По Јакупи, и Радичевска и Георгиева ќе се борат за медали на ЕП во Турција

Покрај Берат Јакупи кој во категоријата до 84 килограми ќе се бори за златниот медал на Европското првенство во Коџаели, Турција, уште две македонски каратистки викендов ги очекуваат борбите за медали на шампионатот.

Во меч за бронзен медал утре ќе се борат Сара Радичевска и Јована Георгиева. Георгиева е последната која обезбеди битка за третото место, откако претходно ги совлада Австријката Јулија Рајтер, како и Вероника Халодова од Словачка. Во одлучувачката борба за финале загуби од Италијанката Сара Кардан, откако мечот заврши 0-0, но судиите и дадоа предност на Кардан.

Претходно, не успеаја да стигнат до мечеви за медали, Жарко Арсовски кој загуби во репасажот од Србинот Битевиќ, како и Емил Павлов кој откако успешно го совлада Белгиецот Мишел Де Соул во првото коло, во втората рунда загуби од Турчинот Ерај Самадан.

Финалето на Берат Јакупи е во недела, 7. мај.

Се вчитува...