Болт: Остварив се што сакав, време е за пензија

Најбрзиот човек на планетата во изминатата деценија, Усаин Болт, потврди дека ќе замине во пензија по настапот на Светското првенство во Лондон, во август оваа година. Тој вели дека остварил се штп посакувал, и дека е време да се повлече.

„Сите сакаат да продолжа,, но тоа е многу полесно да се каже, отколку да се направи. Остварив се што сакав, направив големи работи во спортот. Луѓето сакаат да видат уште и уште, но јас веќе одлучив дека ќе заминам во пензија. Сакам да си заминам додека се уште сум на врвот. И се обложив со моите менаџери, дека нема да пуштам стомак за два месеци“, изјави Болт.

 

Се вчитува...