Каратистот Берат Јакупи стигна до финале на ЕП во Кочаели

Македонскиот каратист Берат Јакупи ќе се бори во финалето на Европското првенство за сениори што се одржува во Кочаели, Турција. Тој обезбеди сребрен медал во борби во категоријата до 84 килограми, а во финалниот дуел ќе ги одмери силите турскиот натпреварувач Угур Акташ, за да го претвори медалот со златен сјај.

Берат Јакупи во првото коло го совлада Русинот Денис Денисенко со 2-1 на поени, во втората беше подобар од Белорусинот Антон Исакау, во четвртфиналето го совлада босанскиот натпреварувач Мерис Муховиќ, а во полуфиналната борба го победи и Гркот Георгиос Цанос.

Се вчитува...