Голот што Ентони Марсијал го постигна за водство на Манчестер јунајтед на гостувањето против Барнли ги израдува фановите, но не и раководството на „црвените ѓаволи“. Причината се парите, поточно клаузулата што францускиот фудбалер ја активираше со овој погодок, па сега Јунајтед повторно ќе треба да му плати значителна сума на Монако, според договорот од овој трансфер од пред неколку години.
Во истиот стои дека „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат 10 милиони евра кога Марсијал ќе постигна 25 погодоци за англискиот клуб. Французинот долго време беше на 24 погодоци, на последните десет средби не успеа да се запише меѓу стрелците, а речиси сигурно е дека на крајот од сезонава ќе биде продаден од страна на Жозе Мурињо. Сепак, „специјалниот“ реши денеска да го ротира тимот по напорниот меч со Андерлехт, му даде шанса на Марсијал, а таа одлука го чини клубот 10 милиони евра.
Монако дефинитивно знае како да се „пазари“ кога ги продава своите најдобри фудбалери.
Anthony Martial GOAL – Burnley 0-1 Manchester… by jason-pitt1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА