Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ заработи тешка повреда на коленото на мечот против Андерлехт од Лигата на Европа и ќе го пропушти остатокот од сезоната на Манчестер јунајтед. Но, загрозена и неговата понатамошна кариера, со оглед дека Ибракадабра е во зрели фудбалски години, а рехабилитацијата од ваков тип на повреди трае од седум до девет месеци. Тој ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и го очекува операција и долга рехабилитација.
Ибрахимовиќ одлучил да замине во Соединетите Американски Држави и оперативниот зафат да му го довери на д-р Фреди Фу, специјалист за ваков тип на повреди, кој е професор на Универзитетот за медицина во Питсбург.
Курт Зума, младиот дефанзивец на Челси, во февруари минатата година доживеа иста повреда и се опоравуваше седум месеци. Ибрахимовиќ со оглед на возраста, би можел да се опоравува и подолго. Тој сигурно ќе пропушти и значаен дел од идната натпреварувачка сезона, а ќе навлезе и во 37-та година од животот.
Манчестер јунајтед најави дека ќе го поддржи максимално Златан Ибрахимовиќ во напорите да истрае и да се опорави од тешката повреда. Тој исто така имаше понуда и да се пресели во САД, и да настапува за Лос Анџелес галакси во МЛС-лигата. Но, повредата засега ги стопира сите планови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА