Македонскиот репрезентативец Енис Барди го запиша и деветтиот свој гол сезонава во дресот на унгарскиот Ујпешт.
Во 27. коло од шампионатот на Унгарија, Ујпешт на домашен терен одигра 2-2 против последнопласираниот Ѓирмот. Ујпешт имаше и негатива од 1-2, но Енис Барди прецизно стрелаше во 57. минута за израмнување на резултатот на 2-2…
По овој бод, Ујпешт со 36 бода е на шесттата позиција на табелата, пропуштајќи добра можност со победа уште поактивно да се вклучи во битката за третото место и излез на европската сцена. На третото место во моментов во Унгарија е Вашаш на Кире Ристевски со 41 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА