Горан Пандев по речиси две цели сезони успеа да го постигна и првиот калчолигашки гол за Џенова, носејќи му на својот тим водство од 2-1 против поранешниот клуб Лацио.
Македонскиот ас последен пат настапи за Џенова на 14 февруари, оттогаш се најде во немилост на тренерот Мандорлини, но со заминувањето на Италијанецот и камбекот на Јуриќ на клупата, Пандев се врати во голем стил постигнувајќи го голот за водсво од 2-1.
Пандев влезе во игра во 61. минута, а неполни дваесет минути подоцна одлично се снајде по еден центаршут од десната страна, па крајно искусно со удар со глава го измами гостинскиот голман му донесе предност на својот тим, но Лацио сепак успеа да израмни во последната минута и да избегне пораз на оваа средба.
Goal Pandev (2:1) Genoa vs Lazio by GoalHunter1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА