Артуро Видал може да се каже дека беше трагичар на синоќешниот меч од ЛШ во кој Баерн Минхен загуби со 1-2 од Реал Мадрид.
Чилеанецот го постигна водечкиот гол за Баварците, но промаши пенал во клучниот момент, што ги врати „кралевите“ во игра, за на крајот да стигнат и до гостински триумф.
Сепак, Видал смета дека ништо не е решено, а неговиот тим ќе се врати славенички од Мадрид…
„Има уште 90 минути за игра. Не е се готово. Имам доверба во овој тим, играме одлично и верувам дека може да се вратиме. Знам дека можеме до финалето на ЛШ. Разочаран сум секако поради промашениот пенал, сепак верувам во наш пласмана понатаму, а потоа и до место во финалето. А, таму посакувам да играме со Јувентус. Ги гледав како играат, навистина перфектно“ – истакна Видал по синоќешниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА