Симеоне: Стигнавме подалеку од очекувањата, немам сила за нов обид

Атлетико Мадрид повторно остана без трофејот од Лигата на шампионите, натпреварување кое Диего Симеоне сè уште не го освоил со „јорганџиите“. Откако беа елиминирани од Арсенал во полуфиналето со вкупен резултат 1-2, аргентинскиот тренер изрази жалење за поразот и даде интересна изјава.

Прашан за иднината во Атлетико, тој можеби и го најави своето заминување.

„Дали имам сила да се обидам повторно? Не, сега сигурно не“, изјави Симеоне.

„Нема што да се каже, испаднавме. Им честитам на противникот, се натпреваруваат одлично. Имаат тим и тренер кој ми се допаѓа. Имаат идеја и силна финансинска поддршка. Им честитам, а ние продолжуваме со нашата работа“, рече Аргентинецот.

„Мислам дека ги пропуштивме шансите на првиот меч. На реваншот бевме подобри во вториот дел, игравме повеќе на нивната половина. Тие мали детали овојпат не беа на наша страна“, заклучи Симеоне.

И покрај испаѓањето, тренерот верува дека Атлетико имаше добра европска сезона.

„За нашите навивачи имавме многу добри настапи во ЛШ. Дадовме се од себе, стигнавме подалеку од очекуваното. Штета, затоа што мислам дека заслуживме продолженија“, коментираше Аргентинец.

Се вчитува...