Канатларовски го „воскресна“ Ловќен: Не чека уште долга битка, но Цетиње повторно живее за фудбал

Кога поранешниот македонски селектор, Драган Канатларовски го презеде пред крајот на минатата година црногорскиот Ловќен клубот имаше само еден бод во најсилната лига на Црна Гора, тотално отпишан од било каква надеж за опстанок во елитата.

Сега, по 23 кола во шампионатот, и посебно по последната победа над лидерот и шампион Будуќност од 1-0 повторно Цетиње живее за фудбалот очекувајќи дека, сепак, ќе се избори опстанокот во прволигашкото друштво. Сето тоа благодарение на Драган Канатларовски.

Од можните 18 бода во пролетниот дел од сезоната, Ловќен освои вкупно 13 бода, што го прави, заедно со Сутјеска, најдобриот клуб според резултатите во пролетната полусезона.

„Славевме во претходното коло против Будуќност и тоа навистина ги разбуди дополнително сите надежи и меѓу раководството и меѓу играчите и меѓу навивачите. Продолжуваме со битката иако мора да признаеме дека ќе биде тешко да се избори опстанок. Но, секако спортски е да се надеваме затоа што екипата покажа огромен напредок“ – коментира Канатларовски, притоа дополнувајќи:

„Кога пристигнав тука беше навистина катастрофа. Тимот имаше само еден освоен бод пред финишот на првиот дел од сезоната. После тоа освоивме 23 бода, и веќе сме на чекор од границата за опстанок, но за жал поради грешка на администрацијата во клубот ни одзедоа три бода. Но, продолжуваме со борбата. И кога доаѓав во Ловќен многумина се прашуваа зошто сум тука во отпишан клуб. Но, не се плашам од предизвиците, напротив токму на овој начин се демонстрира можност за вистински квалитетна фудбалска работа“.

kanatlarovski 2

Ловќен утре го очекува гостувањето против убедливо последнопласираната екипа во првенството, Јединство, што е нова шанса за бодови и дополнителн чекор кон опстанокот.

Се вчитува...