Фени и Соколи во финална битка: Кој ќе седне на престолот на МЗТ?

Се е подготвено за големото финале во кошаркарскиот Куп на Македонија, натпреварување кое годинава ќе има нов шампион откако бранителот на трофејот МЗТ Скопје ја загуби вчерашната полуфинална пресметка против Фени индустри. Кавадарчни, кои ја имаат улогата на домаќини на завршниот турнир, се надеваат дека по МЗТ вечерва (19 часот) ќе го земат скалпот на уште еден АБА-лигата, бидејќи за противник го имаат ланскиот финалист Карпош соколи, кој игра многу квалитетно во последните неколку месеци под водство на тренерот Драган Николиќ.

Против МЗТ Скопје покажавме и квалитет и карактер. Пресреќни бевме по победата над шампионот, но нема простор за еуфорија бидејќи денеска пред нас е големото финале. Карпош соколи е тим што исто така многу го респектираме, но решени сме повторно да одиграме најдобро што знаеме, и бодрени од нашите навивачи да се обидеме да стигнеме до уште една победа и да се закитиме со пехарот“ – изјави тренерот Љупчо Малинков.

Карпош соколи минатата година во Гевгелија играше историско прво финале, за сега „соколите“ дури и со улога на благи фаворити да влезат во вечерашниот дуел со кавадарчани.

И по нашето полуфинале истакнав дека не менува премногу против кого ќе играме. Целта ни е иста, да излеземе на терен, да дадеме се од себе, да ги исполниме задачите дадени од стручниот штаб и на крајот да стигнеме до трофејот“ – истакна капитенот на Карпош соколи, Игор Пенов.

Се вчитува...