Вујовиќ: Лино Червар е фолирант, едвај чека Хрватите да го викнат назад

Веселин Вујовиќ се исклучи самиот себе си од трката за селектор на Хрватска, истакнувајќи дека нема намера да го наследи Жељко Бабиќ на оваа одговорна функција, пред се од почит кон Словенија, селекција со која одличниот стручњак стигна до бронзата на последното Светско Првенство во Франција.

Во овој момент не сакам и не можам да бидам селектор на Хрватска. При доаѓањето во Загреб ме прашаа дали би сакал некогаш да бидам селектор, реков секако дека сакам, бидејќи тоа е ракометна нација што има страшна екипа. Тоа е како да ме прашаат, дали би сакал да ја водам Барселона, секако дека би сакал, но сега тоа не е реално. Јас сум селектор на Словенија, се чувствувам убаво онаму каде што сум и не е време за такви разговори“ – изјави Вујовиќ за хрватскиот весник „24 Сата“.

Екс-тренерот на Вардар во истото интервју остро го нападна македонскиот селектор Лино Червар поради постојаното „флертување“ со луѓето од Хрватската Ракометна Федерација.

Ќе кажам нешто поради што многумина ќе ме напаѓаат, можеби и погрешно ќе ме разберат. Лино е селектор на Македонија, се колне во тој проект, во младоста на екипата, во иднината на репрезентацијата, а во исто време се нуди и едвај чека Хрватска да го викне. Тоа значи дека се фолира. Истото важи и за Голужа, па тој беше селектор, освојуваше медали, а сега прифаќа некому да му биде асистент. Нека прават што сакаат, но јас тие луѓе едноставно не ги разбирам“ – порача Веселин Вујовиќ.

Се вчитува...