Првите натпревари од полуфиналето во Лигата на Европа не дадоа никаква одлука кој тим ќе патува во финалето. И двата завршија со минимални победи на домаќините, па така патниците во финалето ќе се решаваат на реваншите во Бирмингем, односно во Фрајбург. Нотингем ја победи Астон Вила во англиската пресметка со 1-0, додека Брага со 2-1 славеше над Фрајбург.
Нотингем Форест со гол од пенал во второто полувреме, стигна до победа над Астон Вила во првиот полуфинален натпревар во Лигата на Европа.
Творец на победата беше Вуд кој во 71. минута беше стрелец од белата точка, откако беше досуден пенал дури по прегледување на ВАР снимката.
И двата тима имаа неколку шасни, а мечот го одбележа неверојатна интервенција на Емилијано Мартинез кој одбрани и повеќе од зицер, и не дозволи домашниот тим да се радува во првото полувреме.
Во вториот натпревар во Португалија, Брага и Фрајбург одиграа интересен меч кој беше решен во судиското надополнување. Во осмата минута Брага поведе преку Тикназ, а германскиот тим преку Грифо израмни во 16. минута. Брага имаше голема шанса во судиското надополнување од првиот дел од пенал да дојде до предност, но Залазар Мартинез го промаши пеналот, поточно голманот Атиболу му го одбрани. Но, португалскиот тим стигна до победа во 92 минута кога Доргелес погоди во гостинската мрежа, за голем триумф над Брага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

