Јошко Миленкоски и Ѓорѓи Ѓорѓиев со својот клуб Милије Пјанго запишаа нова победа во туската прва одбојкарска лига, Дивизија А. На домашен терен, македонскиот стратег им делеше совети на Ѓорѓиев и неговите соиграчи на натпреварот против Галатасарај, кој го совладаа со убедливи 3-0 во сетови (25-19, 25-17, 25-18).
Ѓорѓиев одигра на висина на задачата запишувајќи 12 поени зад своето име (два од ас, еден од блок). Со новата победа, Малије Пјанго се стационира на четвртото место со кое директно влегува во битка за титулата.
Следно за Ѓорѓиев и Миленкоски ќе биде натпревар на гостински терен кај Инегол на 4. февруари во рамки на 14. коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА