Иванковиќ: Со помош на охридската публика да стигнеме до голема победа над Целје

Ракометарот на ГРК Охрид, Анте Иванковиќ, зрачи со голем оптимизам пред претстојниот реванш натпревар од полуфиналето во Еврокупот на ЕХФ против словенечкиот гигант Целје Пивоварна Лашко.

Хрватскиот интернационалец во редовите на охридските „гладијатори“ најави дека тимот е максимално мотивиран за историски пласман во финалето.

„Имавме недела во која воигрувавме нови тактички замисли, а дел од играчите добија и заслужен одмор. Сакаме да сработиме најдобро што можеме и да пренесеме дел од замислите на мечот против Целје. Имаме добра енергија, пред нас е меч за историја и едвај чекаме да се појавиме на паркетот.

Треба сите да одиграме максимално фокусирано и заедно со нашата публика да дојдеме до резултат што ќе ни го трасира патот кон финалето. Играме одлична одбрана, се надевам дека ќе ја повториме и на мечот со Целје“, рече Иванковиќ.

Се вчитува...