Ништо од враќање на Аморим: Спортинг го продолжи договорот со сегашниот тренер

Спортинг Лисабон и главниот тренер Руи Боржес го продолжија договорот до 2028 година. Португалецот го презеде тимот на крајот од 2024 година, заменувајќи го Рубен Аморим.

Имаше шпекулации дека Аморим би можел да се врати, со оглед дека е слободен агент по заминувањето од „Олд Трафорд“, но тоа нема да се случи.

Под водство на Боржес, Спортинг минатата сезона стана шампион на Португалија, а оваа сезона стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде што загуби од Арсенал (0:1, 0:0).

Тимот моментално е трет во португалското првенство, 9 бода зад Порто, а остануваат уште 3 кола.

Се вчитува...