Македонската младинска репрезентација за ракометари до 20 години загуби на стартот од своите настапи на Европското првенство кое се одржува во Романија.
Нашите ракометари беа поразени од селекцијата на Норвешка со 36-31.
Македонија демонстрираше борбеност и карактер до самиот крај на мечот, но пресуди првиот дел кој Норвежаните го добија со 18-14, создавајќи разлика која до крај беше недостижна за македонскиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
