Американците „удрија“ и на Меси и компанија: Аргентинците под истрага на ФБИ

Американските федерални истражители (ФБИ) започнаа истрага против Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) поради сомнение за финансиска измама за време на Светското првенство во 2026 година.

ФБИ и обвинителите во Вашингтон и Мајами истражуваат проток на стотици милиони долари во спонзорски договори што поминале низ американскиот банкарски систем.

Под посебен надзор е компанијата „TourProdEnter LLC“ од Флорида, преку чии фиктивни компании наводно биле префрлени најмалку 42 милиони долари.

Истрагата се обидува да утврди дали овие трансфери биле користени за перење пари, даночно затајување и банкарски измами.

Оваа меѓународна акција дојде откако властите во Аргентина веќе извршија претреси во седиштето на АФА и повеќе од 17 професионални клубови.

На крајот од 2025 година, тамошниот суд ги обвини претседателот на асоцијацијата, Клаудио Тапија, и благајникот, Пабло Товигин, за даночно затајување во износ од 13 милиони долари.

Од друга страна, челниците на АФА силно ги отфрлаат сите обвинувања и тврдат дека нивниот бизнис со американската агенција е целосно легален.

Тие нагласуваат дека медиумските извештаи се пристрасни и претставуваат организирана кампања насочена кон институционална дестабилизација на аргентинскиот фудбал.

Се вчитува...