Златко Далиќ повеќе не е селектор на хрватската репрезентација. По елиминацијата на Хрватска од Светското првенство 2026, тој одлучи да ја напушти клупата на репрезентацијата, која ја водеше од 2017 година. Хрватска го заврши настапот во Америка во осминафиналето со пораз од Португалија со 2-1 во регуларното време.
Тоа беше првото Светско првенство каде Далиќ ја предводеше Хрватска без да се врати со медал. По среброто во Русија 2018 и бронзата во Катар 2022, поразот од Португалија го означи крајот на неговата најуспешна ера во историјата на хрватската репрезентација.
Хрватскиот фудбалски сојуз и официјално го потврди збогувањето со Далиќ.
„Скромно пристигнување. Незаборавно патување. Гордо збогување. По речиси девет години, тренерот Златко Далиќ реши да ја заврши својата неверојатно успешна ера на чело на Хрватска. Селекторе, ви благодариме за сè – за победите, успесите, пласманите, медалите, заедништвото, почитта и решителната борба за Хрватска на теренот и надвор од него. Резултатите зборуваат за тоа каков тренер сте, а почитта на играчите, колегите и противниците за тоа каква личност сте“ – се вели во соопштението од ХНС.
Според информациите од хрватските медиуми, нов селектор на Хрватска ќе биде Славен Билиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
