Лука Стојановски се врати „дома“ – Прво летно засилување за МЗТ Скопје

Македонскиот репрезентативец Лука Стојановски е првото летно засилување на МЗТ Скопје, откако официјално стави потпис на договорот со нашиот клуб.

За 26-годишниот Стојановски ова претставува враќање во добро позната средина, бидејќи веќе го носеше сино-белиот дрес во сезоната 2018/19. Потоа, три години беше дел од Академија ФМП, играше и за Еуро Никел, а изминатите три сезони ги мина во редовите на Пелистер. Сега, повторно е таму каде што припаѓа – во сино-белото семејство.

Станува збор за веќе искусен бек-шутер, стандарден македонски репрезентативец и кошаркар кој сè повеќе се наметнува како еден од лидерите на новата, подмладена национална селекција.

„Со доаѓањето на Лука Стојановски ги отвораме активностите околу создавањето на тимот за новата сезона, во која нè очекуваат големи предизвици на три фронта – ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашната Суперлига“ – порачаа од МЗТ Скопје Аеродром.

Се вчитува...