Уште еден срам на „кариоките“: Само еден фудбалер во авионот кој бил пречекан во Бразил

Само еден играч од бразилската репрезентација беше во авионот кој се врати во Бразил, по елиминацијата од Светското првенство 2026 од Норвешка.

Единствено Данило, кој игра во домашното првенство, беше во авионот што слета во Бразил од САД, по крахот на Мундијалот 2026.

Освен првиот натпревар на Светското првенство против Мароко, каде што одигра 45 минути, Данило ги помина сите 90 минути на теренот на сите преостанати натпревари.

Другите фудбалери кои играат за европски клубови веднаш се распрснаа на разни дестинации, па Винисиус отиде на Ибица.

Од фудбалерите што играат во Бразил, како што рековме, само Данило се врати, додека Нејмар, кој игра за Сантош, отиде да го посети своето семејство во Орландо.

Па, срамна слика била на аеродромот во Рио каде стотици навивачи се собрале да ги пречекаат репрезентативците, а се појавил единствено Данило.

Дури ни Карло Анчелоти не се врати во Бразил, бидејќи заминал директно во Канада, поточно во Ванкувер, каде што неговата сопруга има куќа.

Се вчитува...