Златан им се изнасмеа на земјите кои испаднаа од СП: Посебна порака за Американците (ВИДЕО)

Светското првенство 2026, отповарено со бројни скандали, имаше и свои интересни и добри страни.

Една од нив се Златан Ибрахимовиќ и Тјери Анри, кои направија вистинско шоу во преносите за време на овогодинешното Светско првенство.

Ибрахимовиќ реши да оди чекор понатаму, па се „изнасмеа“ на одредени земји кои беа елиминирани од шампионатот:

САД: Американскиот сон е завршен. Следниот пат овој спорт да го викате фудбал, а не сокер.

Португалија: Португалија беше блиску, но да бидеш блиску не е доволно.

Мексико: Мексико, уживајте си сега во такосите. Пријатели, збогум.

Бразил: Бразил е аут. Самбата останува дома. До следниот пат.

Шведска: Шведска, веќе ви кажав – нема нов Златан.

Германија: Германија, заврши. Време е за пиво!

Се вчитува...