Скандал на конгресот на ФИФА: Инфантинот сакаше да ги помири Израел и Палестина, па…

Конгресот на ФИФА во Ванкувер помина во знакот на политички тензии, откако пропадна обидот на првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино, да иницира чин на помирување меѓу претставниците на Палестина и Израел.

Додека Инфантино срдечно се поздравуваше со Џибрил Раџуб, претседателот на Палестинскиот фудбалски сојуз, и Басим Шеик Сулиман, потпретседателот на израелската федерација, тој се обиде физички да ги спои нивните раце за заеднички поздрав. Сепак, обидот заврши безуспешно откако двајцата функционери останаа на дистанца, игнорирајќи го гестот на првиот човек на ФИФА.

Овој непријатен момент само ја потврди длабочината на јазот што го предизвикува воениот конфликт меѓу двете земји, покажувајќи дека спортската дипломатија во моментов е немоќна пред суровата политичка реалност на теренот.

Се вчитува...