Манчестер сити е подготвен да испрати понуда „тешка“ 20 милиони фунти за левиот бек на Тотенхем, Бен Дејвис, пренесува британскиот „Дејли Стар“.
Тимот од „Етихад“ вчера беше ’потопен’ од Евертон со високи 4-0 и јасно е дека одбраната не функционира на високо ниво, а Дејвис би можел да биде добро решение за таа позиција.
Дејвис е втор избор кај стратегот Маурицио Покетино, кој за крилната дефанзивна позиција го користи Дени Роуз, а таквата ситуација ќе се обидат да ја искористат „граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА