Изминативе денови сериозно внимание предизвика одлуката на Антонио Конте да не го вклучи во тимот Диего Коста за натпреварот со Лестер.
Италијанскиот стратег како причина за тоа наведе повреда на шпанскиот напаѓач, но англиските медиуми тврдат дека вистинската причина е поради судирот кој го имаа Конте и Коста изминатава недела. Веднаш почнаа и шпекулациите за заминување на Коста, и тоа за огромни пари, во некој од кинеските клубови.
Но, проблемот меѓу менаџерот и фудбалерот, на крајот, одлучи да го решава сопственикот Роман Абрамович. И самиот истакна дека никаква понуда за Коста нема да биде прифатена, затоа што тоа е погубно за тимот кој се бори за титулата во Англија. Се чини дека рускиот тајкун ќе ги реши несогласувањата меѓу Конте и Коста.
Коста сезонава постигна 14 гола за Челси и сигурно е меѓу најзаслужните за првото место на својот тим. „Сините“ имаат седум бода повеќе од Тотенхем, па сигурно судирите внатре во тимот не им се потребни во моментов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА