Селекциите на Хрватска и на Данска ги забележаа вторите победи во своите групи од Светското првенство во Франција. Данците беа надмоќни против Египет и славеа со 35-28, а предноста ја остварија уште во првиот дел кога обезбедија водство од 21-15. Сван со шест гола и Мортенсен со пет погодоци беа најефикасни во таборот на Данска.
Хрватска ја победи Унгарија со 31-28. Селекцијата на Бабиќ имаше бавен старт на овој натпревар, но успеа да израмни до полувремето (11-11), а потоа и ја насочи играта во своја полза. Штрлек со шест гола, и Мамиќ и Дувњак со по пет гола беа предводници меѓу „коцкестите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА