ХАОС во најава во Реал Мадрид: Го замолив Арбелоа да не ми се обраќа!

Додека се подготвува нова ера во Реал Мадрид и нов тренер за следната сезона, хаос во најава направи еден незадоволен играч на „кралевите“.

Станува збор за Дани Себаљос, кој е на излезна врата од Реал. Направи вистински конфликт во Реал Мадрид, а ситуацијата ескалирала до толку што нема враќање назад.

Новинарите од шпанскиот весник „Марка“ тврдат дека овој фудбалер од средниот ред решил да се збогува со своите соиграчи пред седум дена, а во исто време имал конфликт со тренерот. 

„Му порачав на Арбелоа да не ми се обраќа“, наводно им кажал Себаљос на своите соиграчи.

Имено, тој барал да не биде повеќе дел од тимот. Кулминацијата се случила во четвртокот кога играчот побарал да зборува со тренерот, а средбата била многу непријатна што резултирала со дефинитивен крај на овој фудбалер со Реал Мадрид.

Шпанецот веќе девет години е дел од Реал Мадрид, но две мина на позајмица во Арсенал. Тој не е ниту во втор план на тренерот Арбелоа, затоа е на добар пат да си замине.

Се вчитува...