Малезиец добитник на наградата „Пушкаш“ за најубав погодок во 2016 година

Малезискиот фудбалер Мохд Фаиз Субри е играчот кој е добитник на наградата „Пушкаш“, за најубав погодок за изминатата година, а наградата му беше врачена од легендарниот Бразилец, Роналдо.

За изненадување на целата фудбалска јавност, Субри освои најмногу гласови за својот погодок, кој го постигна на 16-ти февруари, минатата година, на мечот од малезиската Суперлига против Паханг.

После слободниот удар од 40 метри, топката која ја испрати Субри доби незгодно движење и го изненади противничкиот голман, кој беше немоќен. Тој за Пенанг во досегашниот тек на кариерата настапи на вкупно 22 натпревари, притоа постигнувајќи дури 28 погодоци.

Се вчитува...