Германскиот интернационалец од редовите на Арсенал, Месут Озил, кој е поврзан со можен трансфер во Манчестер јунајтед или негово враќање во Реал Мадрид, најави дека ќе остане во клубот поради менаџерот Арсен Венгер. Плејмејкерот е подготвен да остане на „Емирати“, но само под еден услов… ако тоа го стори и стратегот на „топчиите“.
„Многу сум среќен во Арсенал и подготвен сум да потпишам нов договор. Се останува на клубот. Тие знаат дека сакам да знам каква ќе биде и иднината на менаџерот, како и на тимот во иднина. Венгер е одличен стратег, тој ме доведе и во него имам голема доверба“ – истакна Озил.
Тој претходно ги бранеше боите на Шалке, Вердер Бремен и Реал Мадрид, а е член на „топчиите“ од 2013 година. За тимот од Лондон запиша 100 натпревари со 20 постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА