Пребогатите клубови од Кина се повеќе пазарат од Европа, а следен играч што би можел да замине на печалба на Далечниот Исток е напаѓачот на Сампдорија, Антонио Касано. Тој поминува низ тежок период во својата кариера, па лесно може да се случи сериозно да ги разгледа двете понуди од кинеските клубови, Гвангжу и Шандонг. Станува збор за годишна плата од 8 милиони евра, што би била најголема сума што ќе ја заработува контроверзниот напаѓач во својата кариера, иако беше дел и од Реал Мадрид, Рома, Интер, Милан…
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Касано се согласил на соработка со Шандонг, каде настапува Грацијано Пеле, но Гвангжу нема да се откаже така лесно, па планира да ја зголеми понудата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА