Селекторот на Хрватска и тренер на Металург, Лино Червар се одлучи да врати на прозивките од македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски.
Добро е познат антагонизмот меѓу Червар и Ристовски кој трае уште од времето на заедничка соработка во Металург, за да минатата година Хрватот го тргне Борко од списокот патници за Светското првенство во Франција. Па, по мечот меѓу Македонија и Германија, Борко Ристовски давајќи го своето мислење за хрватската репрезентација истакна дека тој состав единствено нема добар селектор затоа што Червар е „прегазен од времето“.
На сето тоа сега со одговор и хрватскиот стратег…
„Сметам дека сето тоа е само провоцирање, ништо друго. Тоа нема никаква важност. Обид да ми се наруши мирот. Сите кои не познаваат него и мене, се добро знаат. Јас не чувствувам никаква потреба да зборувам за него“ – вели Червар, дополнувајќи дека не сака да се оптоварува со такви ситници но е комплетно посветен на мечот против Норвешка.
ПОВРЗАНО: Борко за Лино: Хрватска има се освен селектор!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА